Суарез го повикува Кутињо во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летоска Фелипе Кутињо беше на чекор до трансфер во Барселона, но Ливерпул одби неколку понуди, а најголемата беше во износ од 150 милиони евра. Како што се ближи јануарскиот преоден рок, повторно се повеќе се зборува за трансферот на Кутињо.

Неколку играчи од Барселона се добри пријатели со Бразилецот, па веќе почнаа јавно да го повикуваат во нивните редови.

Еден од нив е и Луис Суарез кој играше заедно со Кутињо во редовите на Ливерпул.

„Многу добар пријател сум со Кутињо. Тој е амбициозен фудбалер и објективно, би бил возбуден доколку дојде во Барселона. На секој играч му е тешко кога клубот нема да му дозволи трансфер во Барселона, но Кутињо е професионалец и тренира уште посилно. Тој е одлична личност. И покрај тоа што сакаше да го напушти Ливерпул, продолжи да работи во вистински ритам. Би донел многу во Барселона, игравме заедно и знам дека е врвен играч“- коментираше Суарез за каталонскиот весник „Спорт“.

Суарез и Кутињо 18 месеци беа соиграчи во Ливерпул во периодот од јануари 2013 до летото 2014 година, а потоа Уругваецот се пресели на „Камп Ноу“.