Судии од обична пенал-серијата направија циркус! (ВИДЕО)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На натпревар од осминафиналето во Купот на Романија беше видена несекојдневна сцена и тоа во режија на главниот судија.

Третолигашот Меркуреа го елиминираше Динамо Букурешт по подобро изведување на пенали.

Но, дефинитивно се измачија да стигнат до триумфот, откако голманот на домаќините одбрани шут на противникот за победа од 9-8, но судијата го повтори пеналот.

По што фудбалерите тргнаа да ја слават победата, но следуваше неочекувана реакција на судијата, кој реши да го повтори пеналот.

Белгиецот повторно шутираше, но голманот повторно одбрани и тоа беше дефинитивно крај.