Судијата ги изненади Босанците: Директен црвен картон за Пјаниќ! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Босна и Херцеговина води со 2-1 против Грција во Зеница во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, па така ја бркаат втората победа.

Домаќините поведоа во 10. минута преку Виска, а пет минути подоцна Миралем Пјаниќ со вистинска мајсторија погоди од слободен удар за водство од 2-0. Во второто полувреме Грција го намали резултатот од пенал на 1-2, а потоа следуваше шок за Босанците.

Холандскиот судија имаше чудна одлука и поради еден старт го испрати Пјаниќ во соблекувалната, односно му покажа директен црвен картон, па сега Босанците ќе играат ослабени до крајот на мечот.