Судијата од натпреварот – Јувентус – Милан поминува животна драма


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот судија Давиде Маса доби сериозно заканувачко писмо поради (лошото) судењето од натпреварот Јувентус и Милан.

Маса во шестата минута од судиското продолжение досуди пенал за Јувентус, кој во гол го претвори Дибала.

Беше тоа погодок за 2:1, а во Милан со тој пораз сеуште не можат да се помират.

Како што наведуваат италијанските медиуми, непозната личност на Маса испратил заканувачко писмо, а судијата добил и неколку телефонски повици.

Содржината наведена во писмото се чува како тајна, но тоа е испратено на анализија со цел да се проба да се утврди кој стои позади него.

Во целиот случај се вмеша полицијата и форензичарите, а резултатите допрва се очекуваат.

Да потсетиме, Јувентус против Милан играше на 10 март во рамките на 28 коло од Серија А, славеше со 2:1 со головите на Бенатија и Дибала.

Единствениот гол за Милан го постигна Бака.