Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Карпош Соколи на гости го победија Кожув во натпревар од петото коло во суперлигата, 77:79.
Мијовиќ и Хал погодија за плус четири, 10:6. Домашните постигнаа пет поени во низа за 21:15. До крајот на првата четвртина Соколов и Шепа постигнаа четири поени во низа, 21:19.
Шепа, Соколов и Лабовиќ му донесоа водство на Карпош Соколи, 23:27. Кошаркарите на Кожув постигнаа седум поени во низа и го вратија водството, 30:27. Зековиќ и Пери го израмнија резултатот, 37:37. На полувреме Кожув замина со два поени предност, 42:40.
Лабовиќ постигна четири поени во низа за еден негатива, 45:44. Шепа и Зековиќ донесоа израмнување на резултатот, 50:50. Ѓурасовиќ погоди тројка, а Мијовиќ за два за плус пет, 55:50. Во последните десет минути од натпреварот Кожув влезе со предност од три поени, 60:57.
Мек Нил и Хал зголемија на пет поени предност, 68:63. Соколите со поени на Мавра и Пери го израмнија резултатот, 70:70. Две минути пред крајот на натпреварот Пери погоди тројка за водство на Карпош Соколи, 74:75. Карпош Соколи до крајот на натпреварот го задржа водството и победи со 77:79.
Лабовиќ и Пери го предводеа Карпош Соколи со по 17 поени. Мавра додаде 16, Зековиќ 14, а Шепа 10 поени. Мијовиќ беше најефикасен кај Кожув со 23 поени. МекНил постигна 19, а Крстевски 16 поени.