Суперлига – МЗТ Скопје го декласира Фени Индустри


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го победија Фени Индустри во натпревар од Суперлигата, 86:59.

Ѓуроски го отвори натпреварот со пет поени во серија, 5:0. Со седум поени во низа аеродромци стигнаа до водство од 8 поени, 11:3. Дреновац и Лалиќ погодија првото двоцифрено водство на МЗТ, 16:5. Стајиќ две секунди пред крајот на првата четвртина погоди тројка за 21:15.

МЗТ преку Дреновац кој постигна шест поени во низа стигна до водство, 36:24. До крајот на првото полувреме се играше кош за кош, па МЗТ замина со предност од 12 поени, 41:29.

Катниќ и Ѓуроски погодија за плус 16, 47:31. Лалиќ, Дреновац и Клоф му донесоа водство на аеродомци од 22 поени, 55:33. Во последните десет минути од натпреварот МЗТ имаше водство од 21 поен, 61:40.

Пантиќ и Петровски намалија на 16 негатива, 61:45. Симоновски и Дреновац постигнаа шест поени во низа, 74:51. До крајот на натпреварот МЗТ одигра рутинирано и победи со 86:59.

Дреновац со 22 поени го предводеше МЗТ. Клоф додаде 14, Лалиќ и Симоновски по 11 поени. Пантиќ беше најефикасен во тимот на Фени со 13 поени. Николовски и Стајиќ натпреварот го завршија со по 12 поени.