Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се одиграа два натпревари од шестото коло од суперлигата.
МЗТ Скопје на гости го победи Фени Индустри, 61:77.
Пантиќ и Петровски отворија со серија од 5:0. МЗТ постигна осум поени во низа за 5:8. Стајиќ и Пантиќ го вратија водството на Фени, 9:8. После десет минути игра Фени имаше минимално водство, 14:13.
Мијатовиќ постигна четири поени во низа за плус три за аеродромци, 14:17. Шарабидзе и Петровски донесоа водство на кавадарчани, 19:17. Фени стигна и до четири поени предност, 28:24. МЗТ преку Лалиќ и Дреновац го презеде водството, 31:32. На полувреме Фени замина со минимално водство, 35:34.
Кошаркарите на МЗТ постигнаа девет поени во низа, 38:43. Клоф и Дреновац зголемија на плус осум, 40:48. Лалиќ и Дреновац донесоа двоцифрено водство на аеродромци, 42:53. Стајиќ намали на шест негатива, 47:53. Во последната четвртина МЗТ влезе со шест поени предност, 50:56.
Фуриозен почеток на МЗТ во последната четвртина и водство од 17 поени, 50:67. МЗТ Скопје до крајот на натпреварот одржуваше водството и победи со 61:77.
Дреновац со 19 поени го предводеше МЗТ Скопје. Мијатовиќ додаде 17, Клоф 13, а Ѓуроски 12 поени. Пантиќ беше најефикасен во тимот на Фени со 15 поени. Николовски и Стајиќ постигнаа по 12 поени.
Кожув го победи на домашен паркет Куманово со 86:78.
Караџовски со четири поени во низа му донесе водство на Куманово, 7:11. Димчевски и Стерјов донесоа водство на Кожув, 16:15. Домашните после првата четвртина имаа минимално водство, 18:17.
Мијовиќ и Стерјов зголемија на плус пет, 24:19. Двојката на Мијовиќ и тројката на Хал беа доволни за 35:28. Кожув преку Димчевски и Мијовиќ стигна до двоцифрена предност, 45:33. На полувреме домашните кошаркари заминаа со двоцифрена предност, 45:35.
Куманово преку Пековиќ намали на четири негатива, 50:46. Хал и Димчевски го вратија двоцифреното водство на Кожув, 57:46. Домашните постигнаа девет поени во серија за плус 18, 66:48. Во последната четвртина од натпреварот Кожув влезе со 16 поени предност, 68:52.
Кумановци во последната четвртина намалија на 11 негатива, 73:62. Мијовиќ и Димчевски зголемија на плус 16, 78:62. Караколев и Тодоровиќ со своите поени ја спуштија негативата на едноцифрена, 80:74. Кожув на крајот победи со 86:78.
Мијовиќ со 23 поени го предводеше Кожув до победа. Мек Нил и Димчевски додадоја по 16 поени. Пековиќ го заврши натпреварот најефикасен кај Куманово со 16 поени. Караколев постигна 15, Јанески 13, Караџовски 12, а Пековиќ 11 поени.