Сусо пристигна во Милано, следат клучни преговори


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот интернационалец од редовите на Милан, Сусо утрово пристигнал во Милано за да разговара со челниците на клубот по повод понудата од Рома.

Според Џанлука Ди Марцио, Сусо и неговиот претставник Алесандро Лучи пристигнале во Каса Милан ова утро.

Наводно на маса биле две опции, потпишување на нов побогат договор или притискање за трансфер во Рома.

Покрај Сусо, Антонели исто така се наоѓа во Каса Милан од каде треба да добие потврда за заминување во Емполи.