Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Многу судии кои ќе судат на Светското првенство во Русија досега не користеле видео-технологија. Па претседателот на УЕФА, Александер Чеферин се надева дека нема да има скандали.
„Сѐ уште е рано за воведување на ВАР-системот во натпреварите во ЛШ. Тоа е процес, кој најверојатно ќе биде воведен во сезоната 2019/2020“, кажа Чеферин.
Чеферин смета дека ВАР немало да помогне при решавањето на контроверзната ситуација, кога Реал Мадрид доби пенал, кој го реализираше Кристијано Роналдо и го елиминираше Јувентус.
„Ја погледнав 50 пати ситуацијата и не можам со сигурност да кажам дали беше пенал. Сепак, признавам дека ВАР ќе му помогнеше на Манчестер сити, кога им беше поништен гол против Ливерпул“, кажа претседателот на УЕФА.