Тага, болка, солзи… Емилијано Сала погребан во родното место (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Емилијано Сала денеска беше испратен во вечноста од своите поранешни соиграчи, семејството и навивачите во неговиот роден град во Аргентина.

Сцените од погребот на Сала беа навистина болни, зашто никој не може да се помири со фактот дека Аргентинецот повеќе го нема. Сепак, при изнесување на ковчегот од катедралата се слушна и аплауз во негова чест.

Да потсетиме, Сала загина во авионска несреќа на 21 јануари на пат од Нант кон Кардиф, каде што требаше да заигра за велшкиот тим, но неговото летало се урна во Ламанш.

По неколкунеделна потрага беше пронајден мртов и по обдукцијата беше потврдено дека загинал од повреди на главата и телото, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон никогаш не беше пронајдено.