Тага во Аргентина: Телото на Емилијано Сала пристигнат во татковината!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинските медиуми објавија дека телото на починатиот фудбалер Емилијано Сала, во авионската несреќа на 21 јануари на пат од Нант кон Кардиф, пристигнало во неговата татковина.

Сала патуваше од Нант кон Кардиф, каде што требаше да настапува во продолжение од кариерата, но за жал никогаш не го направи тоа затоа што неговиот авион се урна во Ламанш, а тој почина на лице место поради повреди на главата и телото.

Погребот на Аргентинецот ќе се одржи во неговото родно место, Санта Фе, а на него нема да биде дозволено присуство на јавноста, односно само членовите на семејството ќе го испратат фудбалерот во вечноста.

Големата трагедија го потресе целиот свет, а во моментов се трага по телото на авионот Дејвид Иботсон, кој никогаш не беше пронајден.