Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид овој викенд ќе учествува на најсилниот Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир “Бугарија Опен 2018”, кој ќе се одржи во Пловдив, Бугарија.
Од клубот истакнуваат дека ќе учествуваат со скратен состав. Поради училишни обврски нема да учествуваат сестрите близначки Анастасија и Ангела Велјаноски, кои се редовни освојувачки на медали, исто така нема да настапи и Божидар Димитриевиќ кој е апсолутен првак во своја категорија, додека Стефан Каланоски и Владимир Димитриевиќ , кои исто така се редовни натпреварувачи и освојувачи на доста медали, нема да учествуваат поради повреди.
Боите на таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе ги бранат Давид Крстески, Марио Крстески, Филип Трифуноски, Елена Јанеска, Антонио Јанески, Христијан Митрески,Јане Димов и Давид Велковски.
„ Се надеваме дека и овај пат нашите натпреварувачи ќе не претстават во најубаво светло и ќе успеат да се закитат со некој медал. Исто така на овај турнир се борат за критериум за учество на наредното Европско првенство , Елена Јанеска, Марио Крстески и Филип Трифуноски, па се надеваме дека некој од нив ќе успее да обезбеди пласман“ –истакна претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски црн појас IVдан.