Тажна вест за англискиот фудбал: Почина поранешниот англиски селектор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на 72 години почина поранешниот лидер на Англија, Грахам Тејлор.

Тој ја водеше Англија од 1990 до 1993 година. Беше селектор на Англија на ЕП 1992 година кога Англичаните не ја поминаа ниту групната фаза.

Играа во групата со Шведска, Франција и Данска, а на крајот освоија само 2 бодови.

Навивачите на Англија никогаш нема да му го простат тоа што не го однесе тимот на СП 1994 година, а токму поради тоа доби отказ.

Кога станува збор за клубовите, тој го водеше Вотфорд, Линколн, Астон Вила и Вулверхемптон.