Талески со солиден настап за Рајн Некар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Филип Талески одигра солиден натпревар за Рајн Некар Левен во победата над Пик Сегед со 31:34 во рамките од 6. коло од Лигата на Шампионите.

Младиот Талески повторно доби шанса од Николај Јакобсен и постигна два погодоци од вкупно пет обиди. Поранешниот ракометар  на Металург одигра одлично и во одбраната на германскиот тим.

Енди Шмит со 10 гола беше најпрецизен во победничкиот тим додека Ричард Бодо и Димитри Житинков со пет гола беа најефикасни во Пик Сегед.