Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ победија со 1:4 на гости против Бордо во натпревар од полуфинале во купот на Франција.
Анхел Ди Марија во 19-та минута му донесе водство со фантастичен погодок од слободен удар на ПСЖ. Бордо преку Ролан го израмни резултатот и со нерешен резултат се замина на полувреме, 1:1.
После еден час игра Кавани го врати водството на парижаните. Уругваецот го постигна вториот погодок на натпреварот и зголеми на 1:3.
Конечните 1:4 ги постави Ди Марија во 81-ва минута. Аргентинецот го постигна вториот погодок на натпреварот. ПСЖ после оваа голема победа се пласира во финале каде ќе игра со подобриот од натпреварот Монако – Нанси.