Таткото на бразилската ѕвезда бесен после повредата на Фернандо Торес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес вчера можеше да ја заврши кариерата.

Торес после дуелот со Бергантинос од Депортиво остана без свест, а докторите се бореа за неговиот живот пред самиот крај на натпреварот. Шпанецот имаше среќа, добро помина и наскоро ќе се врати на теренот.

Таткото на фудбалерот на Барселона, Нејмар беше многу лут кога ја дозна веста за Торес бидејќи мисли дека во денешно време се игра многу груб фудбал. Него не му е јасно како фудбалерот на Депортиво доби само жолт картон за стартот над Торес и не потсети на повредата на неговиот син во текот на СП во 2014-та година по дуелот со Зунига.