Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Таткото на една од најголемите ѕвезди на Мексико, Хирвинг Лозано истакна дека Барселона ги контактирала за трансфер на играчот.
Лозано имаше одлична сезона во ПСВ Ајндховен, а беше стрелец и на победничкиот гол на Мексико на натпреварот против Германија во воведното коло од Светското првенство.
„Барселона не контактираше но се уште ништо не е јасно во овој момент. Кога Светското првенство ќе заврши, ќе имаме подобра слика за реалноста, дали тој ќе остане во ПСВ или ќе се пресели во друг тим“-коментираше таткото на Лозано за ЕСПН.