Тајмс пласира ШОКАНТНИ новости: Пилото на Сала го превезувал без потребната дозвола за пилот…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голема новост во истрагата по исчезнувањето на авионот во кој се возеше фудбалерот, Емилијано Сала носи угледниот „The Times“.

Исто така, исчезнатиот пилот, Давид Иботсон кој го возел малиот едномоторен, Piper Malibu беше и единствената личност во авионот со Сала, според податоците на Британската агенција за цивилно воздухопловство има само сертификат за личен пилот.

Тоа Тајмс го откри со увидот на дозволата на Иботсон, која била обновена пред два месеци, кога пилото ги минал лекарските прегледи.

Пилотите кои како Иботсон имаат само дозвола за личен пилот, не можат да вршат комерцијални летови, како што овој пилот направил возејќи го Сала.

За да го прават тоа, мораат да имаат друга дозвола, онаа за комерцијални летови.

За личноста да ги исполни условите за наведената дозвола, мора да мине далеку повеќе обуки и часови.

Со истрагата е утврдено дека Сала во Франција на простување со соиграчите од Нант, требало да го вози Давид Хендерсон, искусен пилот, кој ги има сите потребни дозволи. Летот го организирал Марк Меккеј, агентот кој го посредувал трансферот на Сала од Нант во Кардиф.

Али Хендерсон не можел да остане преку ноќ во Франција и да се врати ден подоцна, па тогаш Иботсон го однел Сала од Кардиф, каде штотуку го потпишал договорот.

Сала веќе по пристигнувањето во Франција се жалел на соиграите дека летот бил несигурен и дека му е страв да се врати.

Иботсон пак, пред летот им се доверил на пријателите дека малку „зарѓал“.

Интересно, Хендерсон, несудениот пилот на Сала, пред четири години во документарецот на Би-Би-Си како пилот се опишуваше токму на авионот марка Piper Malibu, кога на крилата авионот фаќа лед, треба од контролата на летот да се бара дозвола да се спушти на помала висина.

Токму тоа Иботсон го барал додека владеело невремето ноќта над Англискиот канал.

Преплашениот Сала за тоа време на пријателите им испраќал пораки: „Авионот изгледа како да се распаѓа“.

Набрзо потоа пилотот, патникот и авионот исчезнуваат во леденото море. По два дена безуспешно барање, потрагата по нив е службено завршена.