Тајсон Фјури се откажа од титулата


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Тајсон Фјури се откажа од појасите во тешки категории, ВБО и ВБА.

    Контроверзниот боксер на овој чекор се одлучи откако не можеше да ја брани титулата против Кличко, против кого реваншот го откажуваше 2 пати.

    Исто така, призна земање на кокаин, како и голема депресија поради која размислувал на самоубиство.

    „Влегувам во уште еден животен предизвик и баш како против Кличко, ќе победам. Верувам дека овој потег е добар за боксот. Ги освоив во ринг и верувам дека требаше да ги изгубам во ринг. Меѓутоа, не сум во можност да ги бранам и донесов тешка одлука да ги оставам.“