Таљифико постигна гол, судиите го поништија по прегледување на снимките (Видео)


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Таљифико го донесе тимот на Ајакс во водство против Реал Мадрид во првиот меѓусебен натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Иако во прв момент се изгледаше чисто, Душан Тадиќ му посмета на Куртоа во интервенцијата, и додека го стори тоа беше во офсајд, па може да се каже дека судиите оправдано го поништија овој погодок.

Како и да е, ова предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а мислењата се поделени, многумина сметаат дека судиите погрешиле и покрај тоа што го искористија ВАР системот.