Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Карлос Тевез очигледно одлучи да ги направи Кинезите свој најголем непријател. Како Кина да не е доволно лута што веќе Аргентинецот им ги собра парите и си замина, а притоа не направи ништо.
Тевез помалку од една година остана во Шангај во кој заработи дури 40 милиони долари. Одигра само 20 натпревари и постигна четири голови, а многу често е јавно критикуван за непрофесионалното однесување.
„Бев седум месеци на одмор во Кина. Во ред е тоа што ме критикуваат тренерот и претседателот на Шангај, затоа што не знам што барав таму“, се пошегува тој.
„Занм дека има луѓе кои ги изнервира моето заминување, но тоа е нормално. Не бев подготвен да дадам 100%, но навивачите беа повредени. Кога ме видоа повторно во Бока сите беа среќни и возбудени“, додава Тевез.








