Теквондистите од Охрид на завршен турнир во Романија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец, Охрид, викендов ќе учествува на последниот турнир за оваа натпреварувачка пролетна сезона.

Текводнистите кои изминативе неколку месеци направија големи успеси освојувајќи бројни медали ќе настапат на меѓународниот турнир од А класа, „Романија Опен 2017“ кој што ќе се одржи во градот Орадеа.

Од клубот информираат дека на овој турнир ќе патуваат во скратен состав со четворица кадети и еден јуниор.

Тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски вели дека се надева дека помладите учесници ќе го израдуваат со некој освоен медал и уште еднаш упати јавна благодарност до нивниот генерален спонзор, ПН Метал кој и овој пат е најзаслужен што тимот ќе учествува на едно престижно натпреварување.