Тектонски промени во Барселона: Луис Енрике не сака да го продолжи договорот, ќе го замени одличниот Аргентинец


    Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Денеска ни пристигна ударна вест кога во прашање е шпанскиот спорт од Барселона, а се однесува за сегашниот менаџер, Луис Енрике.

    Имено, навивачите се загрижија поради веста дека Енрике не сака да го продолжи договорот со Барселона, и дека веќе на лето ќе го напушти „Камп Ноу“.

    Луис Енрике веќе во неколку наврати одби да го продолжи договорот, а се најавува дека ќе свика седница на која ќе се обелоденат сите планови за иднината.

    Потсетуваме, исто вака направи и Пеп Гвардиола во 2012. година, повика состанок и најави дека нема да го продолжи договорт, без оглед на тоа што резултатите беа сосема добри.

    Шпанските медиуми како негов наследник го наведоа менаџерот на Севиља, Хорхе Самполи.