Тениска лекција од шампионот за Ѓоковиќ во Лондон: Мареј ја завршува 2016-та година на првата позиција!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Денес од 19:00 часот се играше натпреварот на завршниот турнир во Лондон помеѓу Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ.

    Енди Мареј како првопласиран на АТП листата одлично му се спротистави и го прегази Новак Ѓоковиќ кој имаше можност да се врати на врвот.

    По тешкиот натпревар против Милош Раониќ, шампионот Енди Мареј имаше тешка задача во финалето против Новак Ѓоковиќ.

    На почетокот на првиот сет имаше стабилна игра од двајцата тенисери, се играше гејм за гејм до 6-от гејм. Во 6-от гејм од првиот сет видовме возбуда и 2 брејк шанси за Енди Мареј кои не ги искористи.

    Наредниот гејм многу лесно го освои, а потоа во 8-от гејм конечно брејк за Енди Мареј. Тој ја искористи првата брејк шанса во тој гејм и го освои истиот за 5:3 во гејмови. Потоа рутински сервираше и го освои првиот сет.

    Вториот сет започна лошо за Ѓоковиќ. Во првиот гејм Енди Мареј имаше дури 4 брејк шанси, а успеа да ја искористи последната и да му го одземе сервисот на противникот. Потоа се играше гејм за гејм до 3:1.

    Потоа ново возбудување во 5-от гејм. Енди Мареј ја искористи својата втора брејк шанса во гејмот и повторно му го одзема сервисот на Ѓоковиќ за водство од 4:1. Но Ѓоковиќ во наредниот гејм како да се освести малку и успеа да му врати откако ја искористи својата прва брејк шанса во натпреварот и намали на 4:2.

    Потоа секој од тенисерите успеваше да го освојува својот сервис до крајот на натпреварот. Во последниот гејм, односно 10-от Мареј имаше мали потешкотии, бидејќи Ѓоковиќ не сакаше да се предаде и се бореше до самиот крај, но Мареј успеа да ја искористи својата 3-та меч топка и така стигна до конечни 6:3 и 6:4.

    Енди Мареј благодарение на својата одлична игра успеа да стигне до победата и заслужено ќе ја заврши сезоната на првата позиција на АТП листата.