Тениски меч бил прекинат поради тоа што на еден натпреварувач – му пречело сонцето!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во второто коло на Мастерсот во Мајами беше одигран неверојатен меч меѓу Рејли Опелка и Диего Шварцман, а на крајот славеше Американецот со 2-1.

Во центар на внимание беше тоа што Опелка е дури 41 см повисок од Шварцман, кој е висок 170 см, па поради тоа се случила една несекојдневна ситуација.

Опелка сервирал, а Американецот освоил два поени на негов сервис, по што Американецот побарал да се прекине мечот поради тоа што му пречело светлото кое се рефлектирало од прозорците на една зграда.

„Неверојатно! Ова не се гледа секој ден… Па јас не сум виновен тој што е висок и што му пречи тоа“, незадоволно реагираше Аргентинецот.