Теодор доби македонски пасош, на 5 јули се приклучува на репрезентацијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


27 годишниот кошаркар на Банвит, Џордон Теодор со одлука на Владата на Република Македонија доби македонски пасош и ќе може да му се стави на располагање на селекторот Јорданчо Давитков.

Теодор кој минатата сезона беше избран за МВП во Лигата на Шампионите треба да претставува големо засилување за плејмејкерската позиција во нашата репрезентација.

Кошаркарот на Банвит има солидна сезона зад себе остварувајќи просечно по 15,9 поени по натпревар и 7,7 асистенции. Теодор покрај МВП во Лигата на Шампионите беше избран и за МВП на финалниот натпревар во турскиот куп и беше избран во Ол Стар тимот на турската лига.