Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Вистински хаос е виден во текот на викендот во турската Суперлига, на мечот меѓу Генчлербирлиги и Анталија, а во главна улога беше братот на Пол Погба, односно Флорентин Погба.
Дефанзивецот на домашниот тим, Флорентин Погба, одлучи во еден момент да го напушти мечот поради повреда, а тоа ги налути неговите соиграчи, кои тргнаа да се пресметаат со него, но за среќа интервенираа луѓе од стручниот штаб, па тоа беше спречено.
Сепак, според неофицијални извори, мешаницата не престанал тука, туку Погба се пресметал со соиграчите и во соблекувалната, но за среќа биле спречени поголеми инциденти.














