Терористи му го уништија трансферот : Бизарна информација за играч на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алеиш Видал сеуште нема место во тимот на Барселона и никако не е во плановите на Луис Енрике.

Неговата иднина дефинитивно не е во Каталонија и само прашање на време е кога ќе го напушти тимот.

Имаше Видал одредени планови и можности, но го одби тоа што му се понуди.

Имаше можност да заигра во Галатасарај, но ја одби понудата поради страв од тероризам.

Тој ги отпиша турските клубови, бидејќи смета дека тоа е премногу опасно.

„Терористичките закани влијаеја на преговорите со Видал.“

Видал, поранешен играч на Севиља, останува во тимот и ќе бара некое посигурно и помирно место, каде ќе игра редовно.