Тетекс се спаси, Тиквеш ќе игра бараж, а Металург и Вардар Неготино испаднаа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се одиграа останатите четири натпревари од 27-мо коло во втората македонска фудбалска лига.

Академија Пандев и Скопје ремизираа, 1:1.

Љупчо Дориев четири минути пред крајот на првото полувреме донесе водство за пандевци. Петре Василевски од белата точка го израмни резултатот и ги постави конечните 1:1.

Тетекс на гости минимално го победи Металург, 0:1.

Игор Савевски донесе победа за гостите од Тетово.

Тиквеш на домашен терен беше подобар од Хоризонт Турново, 2:1.

Наумче Бакрачески во десетата минута погоди за водство на Тиквеш. Турново преку автоголот на Игор Лазарев го израмнија резултатот, но три минути подоцна резервата Горанчо Стојановски ги постави конечните 2:1.

Вардар Неготино минимално го совлада Еуромилк на домашен терен, 1:0.

Владо Данилов во судиското продолжение од второто полувреме донесе победа за домашниот тим.

 

Академија Пандев и Скопје ќе играат во ПМФЛ, Новаци е во баражот, Тетекс со денешната победа избори опстанок во втората лига, Тиквеш ќе се бори за опстанок, а Металург и Вардар Неготино од следната сезона ќе играат во третата лига.