Техничкиот таеквондо семинар помина во одлично светло: Македонија побогата со двајца мајстори со црни појаси V дан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Викендов во Домот на културата во  Лескоец,Охрид во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец – Охрид се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).

Ова беше четврти пат како таеквондистите од градот покрај Охридското езеро ги усовршуваат техниките во овој спорт од еден од најдобрите мајстори во светов кој е и еден од челниците на ИТФ федерацијата.

Посебно внимание Ким Унг Чол посвети на екстра талентираниот Давид Крстески кој ќе настапи на Европското првенство. Давид со 11 години ќе биде еден од најмладите учесници на континенталниот собир, а учеството на престижното натпреварување го доби откако ги исполни сите потребни критериуми.

Гранд мастер Ким Унг Чол беше презадоволен од организацијата на семинарот, од квалитетот и дисциплината на  учесниците на истиот, и од убавините на преубавиот Охрид.

На овој семинар професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники пред учесниците. Овие техники според тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.

„Одржавме технички семинар за Теквондо итф со професор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо итф. Можеме да кажеме дека овај семинар ни беше повеќе од потребен и истотака имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско Теквондо ИТФ првенство во Римини Италија истакна Марјанчо Лазарески.

Семинарот се одржа во два дена, во саботата се работеше во два термини, со почеток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот каде теквондистите ги усовршуваа своите техники, додека во неделата после тренингот од 10-12 часот имаше полагање за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе побогата со двајца  носители на црн појас V дан,  Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски.

Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид и официјално ги започнаа своите активности за 2019 година.

Професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан) истакна дека е презадоволен  од двајцата инструктори  кои полагаа за V дан, Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски , кои покажаа одлично познавање на целата Таеквондо ИТФ техника, и одлична демонстрација на истата, што и очекувано  беше од нивна страна бидејќи 27 години активно се занимаваат со овој спорт, а воедно имаат и добар историјат во ИТФ. Ким Унг Чол изрази благодарност до домаќинот Марјанчо Лазаревски кој се покажа и како добар домаќин , организатор, тренер, претседател и пријател.