Тешка победа за Вардар против Целје – Вардарци остануваат непоразени на лидерската позиција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар славеа со 33:31 во Јане Сандански против Целје во натпревар од СЕХА лигата.

Од почетокот на натпреварот се играше гол за гол. Двата погодоци на Чупиќ и еден на Карачиќ во низа го доведоа Вардар во водство од 7:4. Целје преку Мачковшек кој постигна два погодоци во серија намали на еден негатива, 7:6. Со иста мерка вратија Вардарци преку Чупиќ и Карачиќ. Следуваше нова серија од два погодоци на гостите и повторно враќање на негатива од еден погодок. Со двата погодоци на Фереира Мораеш, Вардар се врати на три погодоци водство, 12:9. Во финишот на првото полувреме Недановски и Марсениќ постигнаа два погодоци во серија за водство од 18:14. Маргуч и Јанц постигнаа два погодоци во серија за приближување на еден негатива, 25:24. Марсениќ два пати и еднаш Циндриќ зголемија на четири погодоци предност, 28:24. Шест минути пред крајот на натпреварот Целје со погодоците на Зарабец и Жвижеј намали на 29:28. Разгор и Жвижеј со два погодоци во низа го израмнија резултатот, 30:30. Со по еден погодок на Циндриќ и Стоилов во серија на Вардарци го решија победникот на натпреварот, 33:31.

Карачиќ со шест погодоци го предводеше тимот на Вардар до победа. Фереира Мораеш и Мијајло Марсениќ постигнаа по 4 погодоци. Жвижеј беше најефикасен во тимот на Целје со шест погодоци.