Тешка повреда на Раониќ: Не се знае дали ќе игра во Лондон


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Милош Раониќ би можел поради повреда да не настапи на АТП турнирот во Лондон, кој ќе се оддржи од 14 до 20 ноември.

    5-от играч му го предаде натпреварот од ½-финалето на Енди Мареј.

    „Во ¼-финалниот натпревар против Цонга, при резултат 4:2 во првиот сет, почнав да чувствувам болка во ногата. Не му давав голема важност, но утрото кога се разбудив одвај излегов од креветот.“

    „Половина час пред натпреварот со Енди одев на магнетна резонанца и ми беше најден проблем со мускулот. За жал не бев во можност да се натпреварувам со Мареј.“

    Според проценките Раониќ ќе треба да паузира од 5 до 10 денови, а тоа значи дека е неизвесно неговото учество во Лондон.