Тешки денови се ова за Јувентус! Првотимец ја скрши ногата, друг трпи повреда на бутниот мускул


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јувентус доживеа тежок удар во Џенова каде претрпе пораз со 3:1 од Џенова, а покрај ударот некои играчи се здобија со повреди.

    Во 33тата минута Бонучи го повреди бутниот мускул и го напушти теренот.

    Во 76та минута Јувентус немаше право на измени, а Алвеш заработи тешка повреда и на носилки беше одведен надвор од теренот.

    Подоцна се констатирани скршеници на левата нога и колку ќе отсуствува сеуште не е познато.