„Тешко е да се избегнат шпекулациите за Венгер!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Арсенал, Мустафи изјави дека е невозможно да се избегнат шпекулациите за иднината на Венгер.

Дали тој ќе остане во тимот или не, моментално никој со сигурност не може да каже, но постојат многу шпекулации.

„Тешко е да се слуша тоа постојано, но ние сме професионалци. Не само дека сме платени да играме добро, туку и да се соочуваме со некои ситуации. Но постојат голем број на шпекулации на новинарите.“

„Најважно е да се затворат ушите и само да се фокусирате на тоа што се случува на теренот. Не мора да се замараме со шпекулации.“