„Тешко кој може да го надмине Руни“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека се мали шансите некој да го надмине Руни и да му го земе првото место на листата на најдобри стрелци.

Руни со гол против Стоук во саботата го премина Боби Чарлтон, кој четири децении беше прв стрелец на Манчестер Јунајтед.

„Кога Руни дојде во клубот, мислев дека нема никој да го премине Боби Чарлтон. Тоа што го направи Руни е навистина неверојатно.“

„Тој одигра 200 натпревари помалку од Боби, а тоа го прави неговиот резултат уште поголем. Мислам дека никој нема да успее да го надмине.“

„Секако, никогаш не викајте никога, но ако го погледнеме модерниот фудбал, Јунајтед е еден од ретките клубови кои може да задржи играч повеќе од 10 години.“

„Ниа ја имавме таа среќа да останат многу играчи во нашиот клуб. Мурињо го спомена младиот Рашфорд, но тој во наредните 10 сезони мора да постигнува по 20 голови за да го стигне Руни.“