Тиват го елиминира Фени Индустри од БИБЛ


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кошаркарите на Фени Индустри згубија од Тиват во реванш натпреварот од 1/4 финалето во БИБЛ, 81:68.

Домашните започнаа со серија од шест поени, 6:0. Шарадбидзе и Чешковиќ намалија на еден поен негатива, 6:5. Тиват две минути пред крајот на првата четвртина стигна до првата двоцифрена предност на натпреварот, 17:7. Ѓекиќ и Шарадбизе ја прекинаа серијата на домашните, 17:11. До крајот на првите десет минути игра Сајин погоди тројка за 20:11.

Петровски погоди две тројки во низа, а Ѓекиќ за два за 26:24. Расположените Петровски и Ѓекиќ го израмнија резултатот, 29:29. Тиват преку Кусовац и Кнежевиќ постигна четири поени во низа за водство од четири поени на полувреме, 33:29.

Кошаркарите на Тиват постигнаа 8 поени во низа на почетокот на второто полувреме за 41:29. Кавадарчани постигнаа седум поени во серија, 41:36. Ѓуришиќ погоди тројка, а Сајин за два за 49:38. Пајиќ и Шарабидзе вратија со иста мерка и намалија на шест поени негатива, 49:43. Тиват во последните десет минути од натпреварот влезе со осум поени предност, 57:49.

Ѓекиќ и Петровски намалија на седум негатива, 60:53. Тиват преку четири поени во низа на Поповиќ и Кусовац стигна до двоцифрено водство, 68:58. Поповиќ со шест во серија зголеми на плус 13, 76:63. До крајот на натпреварот Тиват го задржа водството и победи со 81:68.

Станојевиќ го предводеше Тиват со 19 поени. Шарадбизе и Петровски беа најефикасни во тимот на Фени со 14 поени. Ѓекиќ додаде 11, Пајиќ 9, Николовски 7, Чешковиќ и Стајиќ по 5, а Марковски 3 поени.

Фени Индустри првиот натпревар го доби со 100:97, но денешниот го загуби со 81:68, па беше елиминиран од БИБЛ.