Тие доминираат во ПЛ, но повторно ќе останат без главните награди!

Интересен податок од ПЛ, составен од табела со бодови од почетокот на претходната сезона.

Минатата сезона титулата ја освои Лестер и го изненади цел свет. Тотенхем пред 1 година ја изгубија борбата со Лестер со ремито во натпреварот против Челси, па по се изгледа дека и оваа сезона ќе останат без трофеј.

Нешто со што може да се пофали Тотенхем е дека најдобриот тим во претходните 2 сезони го имаат тие, а за тоа сведочи и табелата.

Кога ќе се соберат бодовите од минатата и од оваа сезона, тие се убедливо први на табелата со 15 бодови предност пред Сити.

Сити на ангажирање даде 270 милиони фунти во претходните 2 години, а никого не продадоа додека Тотенхем продаваше играчи и купуваше, па има само потрошувачка од 7 милиони фунти.