Тим го чека Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Доминик Тим со 3:0 (6:4, 6:2, 6:1) го совлада Александар Зверев во првиот четвртфинален натпревар од Ролан Гарос и со тоа се пласираше во полуфиналето од турнирот во Франција.

Австриецот без поголем проблем се прошета до полуфиналето на вториот Грен Слем турнир од сезоната.

Доминик Тим буквално доминираше против немоќниот Германец и сосема заслужено избори пласман во полуфиналето каде ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Марко Сесинато и Новак Ѓоковиќ.

Италијанецот неочекувано има предност од 2:0 во сетови во овој момент. Дали Србинот ќе успее да се врати останува да видиме.