Тинејџер ги залуди гигантите: Овој ќе биде најбаран фудбалер во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тиаго Маја привлече внимание на себе на Олимписките игри.

19-годишниот дефанзивен играч за врска на Сантос ги залуди европските гиганти, а ПСЖ и Атлетико отворено покажаа интерес.

Британските медиуми тврдат дека во трката за потпис на одличниот Бразилец се вмеша и Челси.

Мајо како младинец во 2011 година стигна во редовите на Сантос, а за првиот тим дебитираше во 2014 година.

Од тогаш, во дресот на легендарниот бразилски клуб има запишано 45 настапи во Серија А.

Антонио Конте наводно веќе во јануари ќе проба да го доведе на Стенфорд Бриџ, а се проценува дека понудата може да биде и поголема од 20 милиони фунти.