„Титулата од ОИ ми е најмила во кариерата“

Лионел Меси во својата кариера освои голем број титули со Барселона, но сеуште сака да ја освои титулата од СП со Аргентина.

Тој во дресот на Барселона освои многу титули, а во една изјава кажа која му е омилена.

„Критиките кои ги добивам не ми се важни и не размислувам за нив. Ги рзбирам луѓето кои од нас сакаат титули, но тоа не може секогаш да биде така. За мене најмила титула е таа од ОИ со Аргентина.“

Навивачите на Барселона најверојатно се надеваа дека тоа ќе биде некоја титула со Барселона, но Меси сепак не мисли така.