„Тоа воопшто не беше експеримент со Пјаниќ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на домашен терен ја победија Аталанта со 3:1 во 15-то коло од Серија А.

Јувентус на најдобар можен начин одговори на поразот во минатото коло, откако тимот на Алегри заслужено стигна до победа.

Пјаниќ одигра на поинаква позиција, бидејќи Алегри реши да го стави позади напаѓачот.

„Експеримент со Пјаниќ? Па тоа воопшто не беше такво нешто. Мислам дека Пјаниќ има повеќе слобода да игра веднаш зад напаѓачот, а подеднакво да помага во одбраната, па така ништо не изгубивме.“

Алегри изјави дека одлично одигра и Манџукиќ кој покажа голема страст на теренот.

Италијанецот додаде дека се радува на враќањето на Дибала во тимот.