Толисо е изборот на дамата - Лион бара 40 милиони, Марота има друг план

Дали Јувентус ќе успее во својата намера?

Минатото лето немаше успех, како ниту оваа зима. Затоа Јувентус предводен од трансфер групата на Бепе Марота прават се што е во нивна моќ до следното лето да го обезбедат потписот на најверојатно најголемата желба – Корентин Толисо.

Но, пред Јувентус и Лион се долги месеци напорни преговори.

Лион својот најдобар напаѓач го процени на 37 милиони евра, а после добрите игри оваа сезона цената порасна на 40 милиони евра. Марота има друг план и сакаат да ја намалат за 10 милиони евра бидејќи во трансферот ќе биде вклучен и Лемина.

Јасно е и Јувентус зошто го сака толку многу Толисо. На 33 натпревари оваа сезона има постигнато 10 погодоци и запишано 5 асистенции, а дамата подолго време бара фудбалер кој со еден потег би можел да ги разигра Игуаин, Дибала и Манџукиќ.