Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ совршено играше во финалето на Австралијан опен, додека Рафаел Надал не беше на ниво на кое ги доби претходните шест меча во Мелбурн,а тоа го оцени и неговиот чичко и поранешен тренер Тони Надал.
Србинот го совлада Рафа з два часа и четири минути со 6-3, 6-2 и 6-3, па така ја освои 15. гренслем титула во кариерата.
„Нема замерка за играта на Ѓоковиќ. Може да му честитаме. Од самиот почеток покажа дека е одличен и стигна до совршенство, додека Рафа му послужи како храна. Сепак, мојот внук не можеше да му се спротистави во мечот. Но, мислам дека резултатот во финалето покажа дека меѓу нив е поголема разликата од таа што постои“, вели Тони.
Ѓоковиќ по освојувањето на турнирот во Мелбурн остана на првата позиција со 10.955 бодови, додека втор е Надал со 8.320 поени.