Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се чинеше дека е само прашање на време кога Денис Суарез ќе пристигне на позајмица во Арсенал, се чини дека од тоа нема да има ништо.
Изгледа преговорите помеѓу Арсенал и Барселона пропаднаа, и наводно позајмица и евентуален трансфер на крај на сезоната нема да има.
Арсенал во јануарскиот преоден рок може да си дозволи доведување на двајца играчи на позајмица, но Барселона сака околу 20 милиони евра за Суарез, кој има уште 18 месеци договор со Барселона.
Барселона е отворена за позајмица со опција Арсенал да може да го откупи Суарез на крајот од сезоната, но во Арсенал не се сигурни кога играчот за врска ќе се вклопи во играта на тимот од Лондон и не им се допаѓа опцијата по секоја цена да го откупат неговиот договор.
Како што пренесува ЕСПН, големи се шансите Суарез да остане во Барселона до крајот на сезоната иако не е во последниот меч против својата екипа, а шанса пред него доби Боатенг кој пред неколку дена потпиша за Барселона.
25-годишниот Суарез запиша само осум настапи во дресот на Барселона оваа сезона, од кои во два беше стартер и е подготвен да ја напушти Барселона доколку двата тима успеат да се договорат.