Топ десет потенцијални трансфери: Пресврт во случајот на Џеко, Арсенал конечно купува напаѓач!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како и секој ден, порталот „Фудбал Висперс“ објави листа на десет трансфери, кои имаат најголема шанса да се реализираат во текот на денот.

Босанскиот репрезентативец од редовите на Рома е на пат во Челси додека премиерлигашот Арсенал ќе се обиде да го донесе фудбалерот на Дортмунд, Обамејанг.

Актуелниот лидер во Премер  лигата, Манчестер Сити го „брка“ Лапорт и тоа е вториот најверојатен трансфер на денот.

Ова е листата од десет потенцијални трансфери на денот:

1. Абдул Рахман Баба(Челси – Шалке)
2. Ајмерик Лапорт(Атлетик Билбао – Манчестер Сити)
3. Калвин Мелор(Блекпул – Брадфорд)
4. Крис Мартин(Дерби – Сандерленд)
5. Един Џеко(Рома – Челси)
6. Енди Лонегран(Лидс – Сандерленд)
7. Пјер Емерик Обамејанг(Дортмунд – Арсенал)
8. Калум Робинсон(Престон – Дерби)
9. Сулеј КаиКаи(Кристал Палас – Чарлтон)
10. Адам Богдан(Ливерпул – Лидс)