Топ 10 играчи кои никогаш не го покажаа својот потенцијал


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Голем број на фудбалери од самиот почеток на кариерата беа прогласувани за новиот Пеле или Марадона, зависи од тоа од која држава доаѓаат, но сепак не успеаа да го победат притисокот до крајот. Многумина од нив на крајот успеаа да направат добри кариери, но сепак ниту блиску како што се очекуваше. Поточно, никогаш не успеаа да го искористат целиот свој потенцијал. Меѓу нив се и познати имиња како Савиола и Робињо.

    1. Хавиер Савиола

    Тој е најверојатно првата асоцијација на фудбалер кој никогаш не го искористил својот потенцијал целосно. Во минатото тој од Ривер Плејт за 15 милиони евра премина во Барселона, но по 3 сезони заврши на позајмица во Монако. Потоа Барселона го испрати на позајмица и во Севиља, па подоцна го продаде на Реал. Потоа играше и за Бенфика, Малага, Олимпијакос, Верона и повторно Ривер. За Аргентина одигра 39 натпревари и постигна 11 голови.

    1. Робињо

    „Новиот Пеле“ беше прекарот на играчот кој во 2005 година премина од Сантос во Реал Мадрид. Тој во Сантос играше одлично, а не беше ниту многу лош во Реал. Сепак, грешка во кариерата направи во 2008 година кога премина во Манчестер Сити. Во ПЛ одигра многу лошо и по 2 сезони беше вратен во Сантос на позајмица. Моментално е член на Атлетико Минеиро. За Бразил одигра дури 101 натпревари и постигна 28 голови.

    1. Фернандо Гаго

    Тој и Игуаин во летото 2007 година стигнаа како големи засилувања во Реал Мадрид. Првиот стигна од Бока Јуниорс, другиот од Ривер Плејт. Двајцата беа големи таленти, но само Игуаин успеа да се прилагоди во Примера. Вистина, Гаго одигра 4 сезони во Реал, а подоцна замина во Рома на позајмица. Потоа играше за Валенсија, но тоа му беше последна станица во Европа. Денес има 30 години и е член на Бока Јуниорс. За репрезентацијата одигра 60 натпревари, но нема постигнато гол.

    1. Хари Кјуел

    Тој најдобрите денови ги помина како играч на Лидс Јунајтед з акој одигра 181 натпревар и постигна 45 голови. Тоа го препорача на Ливерпул каде премина во 2003 година. Член на Ливерпул беше 5 сезони, но одигра само 93 натпревари во ПЛ и постигна 12 голови. Подоцна премина во Галатасарај, а денес е член на Мелбурн Хартс. За репрезентацијата одигра 56 натпревари и постигна 17 голови.

    1. Хосе Антонио Рејес

    Тој во младите денови играше одлично во Севиља од која во јануари 2004 година за 10.5 милиони фунти премина во Арсенал. Венгер во тоа време го градеше новиот Арсенал, а токму Рејес беше еден од најталентираните играчи. Негов главен проблем беше тоа што секогаш му беше желба да игра во Реал каде и премина во 2006 година, но на позајмица. Сепак, во Мадрид очигледно не беа задоволни од него, па наредната сезона премина во Атлетико Мадрид, па потоа се врати во Севиља каде што помина уште 4 години. Денес е член на Еспањол.

    1. Елвир Баљиќ

    Поранешниот репрезентативец на БиХ, Елвир Баљиќ доби шанса на кариерата во 1999 година. Тренерот на Реал Мадрид, Џон Тошак инсистираше тој да дојде во тимот, а на крајот така и беше. Трансферот беше вреден 26 милиони евра, но поради голем број на повреди и брзата смена на тренерот имаа влијание на тоа и Баљиќ не се прилагоди во тимот, па премина во Галатасарај. За БиХ одигра 38 натпревари и постигна 14 голови.

    1. Ројстон Дренте

    Одигра само една добра сезона во Фејенорд и доби повик од Реал Мадрид. Дренте во тимот играше 5 сезони, но одигра само 46 натпревари и постигна 2 голови. Треба да се каже дека за тоа време тој беше на позајмици во Евертон и Херкулес. За Холандија одигра само 1 натпревар.

    1. Андреј Аршавин

    Тој во свое време играше одлично во Зенит од кој во 2009 година премина во Арсенал. Таму одигра 4 сезони и постигна 23 голови на 105 натпревари. За Русија одигра 75 натпревари и постигна 17 голови.

    1. Адријано

    Многу активности надвор од теренот влијаеа на тоа Адријано никогаш да не го покаже својот потенцијал целосно. Тој важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот, но се остана само на потенцијал и талент. Најдобрите денови ги одигра во Парма и Интер, а за Бразил одигра 48 натпревари и постигна 27 голови.

    1. Рикардо Кварезма

    Талентот не е доволен за да се успее во фудбалот, а доказ за тоа е Кварезма чиј талент остана неискористен. Тој најдобрите денови ги помина во Порто, а не се прослави во Барселона, како ниту во Интер пет години подоцна. Денес е член на Бешикташ, а за репрезентацијата одигра 62 натпревари и постигна 8 голови.