Топ 10 најдобри стрелци во 5-те најдобри лиги на сите времиња


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кристијано Роналдо и Лео Меси се лидери во модерниот фудбал, но дали знаете кои се најдобрите стрелци во 5-те најдобри лиги.

    И Португалецот и Аргентинецот се наоѓаат во самиот врв на оваа листа и нема сомнеж дека наскоро ќе го превземат тронот, но сеуште има такви кои имаат постигнато повеќе голови.

    Во продолжение следи листата на 10-те најдобри стрелци во историјата.

    1. Силвио Пиола(274)

    Тој е фудбалер кој играше за Лацио, Јувентус и Новара во 30-те и 40-те години на минатиот век. Постигна 274 голови и е на 10-то место на листата на најдобри стрелци.

    1. Алан Ширер(283)

    Тој е легендарниот напаѓач на Њукасл и Блекбурн кој владееше со Англија на крајот на 20 и почетокот на 21 век. Ширер во кариерата постигна 283 голови во ПЛ и тој е најдобар стрелец на Њукасл во историјата на клубот.

    1. Гордон Хоџсон(287)

    Тој е напаѓач кој во Англија стигна во 1925 година. Играше за Ливерпул, Астон Вила и Лидс, а вкупно постигна 287 голови и се наоѓа на 8-то место на вечната листа.

    1. Делио Онис(299)

    Оние е најдобриот стрелец во Лига 1 на сите времиња. Кариерата ја започна во Јужна Америка, а прв клуб во Франција му беше Реимс во кој дојде во 1971-та година. Настапуваше уште и за Монако, Турс и Тулон, а за 15 години постигна 299 голови.

    1. Дикси Дин(310)

    Тој е легенда на Евертон кој успеа да постигне 60 голови во една сезона. За Евертон постигна 310 голови и е 6-ти играч на листата.

    1. Стив Блумер(317)

    Стив Блумер е фудбалер кој играше на почетокот на 20-ти век. Настапуваше за Дерби и Миделсброу и постигна 317 голови во ПЛ.

    1. Лео Меси(321)

    На 4-то место на вечната листа се наоѓа Меси. Тој досега постигна 321 гол и тоа во Примера во дресот на Барселона. Од него се очекува еден ден да дојде до титулата најдобар стрелец на сите времиња и да постави резултат, кој долго време нема да биде постигнат.

    1. Кристијано Роналдо(354)

    Тој е на 3-та позиција на листата и сигурно е дека наскоро ќе стане најдобар. Има постигнато 354 голови, а тоа го направи во дресовите на Јунајтед и Реал Мадрид.

    1. Герд Милер(365)

    Милер постигна 365 голови и тоа се за Баерн во БЛ, за кој настапуваше 14 години. Милер кариерата ја заврши со 723 голови во 771 натпревар.

    1. Џими Гривс(366)

    Најдобриот стрелец на сите времиња е Џими Кривс со 366 голови. Овој напаѓач во Челси стигна како 15-годишно момче во 1955 година и за тој клуб постигна 124 голови во 4 сезони. Потоа замина во Милан каде што продолжи со постигнувањето на голови, а на крајот се врати во Англија и во дресот на Тотенхем стигна до бројка која до денес никој не успее да ја премине.