Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уругвајскиот фудбалер, Лукас Тореира во неделата го постигна својот прв погодок од пристигнувањето во Арсенал од Сампдорија ова лето.
Фантастичниот Уругваец беше стрелец на последниот погодок на мечот, со кој беа поставени конечните 4:2, а погодок во дербито на Северен Лондон против Тотенхем за него има големо значење.
Тореира погодокот го прослави така што го соблече дресот и истрча кон навивачите. Заработи жолт картон, но тврди дека не му е жал.
„Во неделата во која се подготвувавме за мечот со Тотенхем, многу зборувавме на тренинзите за тој дуел. Бидејќи досега не постигнав ниту еден погодок за Арсенал, ми беше желба првиот да биде токму во ова дерби и најавив дека ќе го соблечам дресот ако тоа се случи“, истакна Тореира и додаде:
„Тоа му го реков на Роберт Пирес, кој сигурно се сетил на моите зборови кога ме гледал како славам. На овој погодок гледам како на некоја награда за целиот досегашен труд и работа во Арсенал“.
На Лукас Тореира постигнувањето на голови не му е во опис на работно место со оглед на тоа дека игра на позицијата дефанзивец играч за врска, а оваа сезона и повеќе е од стандарден во првиот состав кај Унаи Емери.