Тореира се сели во Арсенал по Светското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансфер целта на Арсенал, Лукас Тореира ќе ги има своите медицински прегледи со „топчиите“ веднаш по настапот на Уругвај на Светското првенство.

„Го сакам најдоброто за мојот син и исто можам да ви кажам дека Арсенал покажа голем интерес за него. Се уште не е готово, се додека не е официјално, затоа што тој нема потпишано ништо. Сепак, има огромни шанси Лукас да продолжи во Англија. Нема проблем со преговорите, а штом Светското првенство заврши тој ќе оди во Лондон на медицински прегледи“- коментираше таткото на Тореира.

Уругвај ќе се соочи со Франција во четвртфиналето, па многу навивачи на Арсенал веројатно ќе навиваат за Франција за што побрзо да го видат Тореира во нивниот дрес.

Инаку „Топчиите“ денес го потврдија трансферот на Сократис Папастатопулос кој на „Емирати“ стигна од редовите на Борусија Дортмунд.