Торонто подобар од Атланта: Мемфис го победи Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Торонто ја победија Атланта со 128:84.

Најдобар во тимот на Торонто беше Демар ДеРозан со 21 поен, 3 скокови и 4 асистенции додека во гостинскиот тим најдобар беше Денис Скродер со 15 поени, 1 скок и 6 асистенции како и Тим Хардвеј со 15 поени, 1 скок и една асистенција.

Мемфис го победија Лејкерс со 103:100. Најдобар кај победничкиот тим беше Трој Дениелс со 31 поен, 2 скокови и 4 асистенции додека кај Лејкерс најдобар беше Вилијамс со дури 40 поени, 2 скокови и 1 асистенција.

Кошаркарите на Далас го победија Чикаго со 107:82. Кај нив најдобар беше Весли Метјус со 26 поени, 3 скокови и 2 асистенции додека кај Чикаго најдобар беше Џими Батлер со 26 поени, 4 скокови и 4 асистенции.

Јута на домашен терен беше подобра од Денвер со 105:98. Одлучувачка беше 3-та четвртина кога домаќините имаа предност од 19 поени. Најдобар во тимот на Јута беше Хејвард со 32 поени и 4 скокови додека кај Денвер најдобар беше Вил Бартон со 20 поени, 4 асистенции и 5 скокови.